Војна во Украина (Page 247)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Русија планира оваа година да започне сериско производство на својата нова бомба Дрел, јави денеска ТАСС. Агенцијата наведува дека бомбите Дрел имаат способност самостојно, користејќи инерција и лизгачка патека до целта, да патуваат подолги растојанија и да експлодираат во „вистинскиот момент“. Дрел е дизајнирана да уништува оклопни возила, копнени радарскиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува за Литванија, а потоа ќе ги посети Летонија и Естонија во следните неколку дена, рече тој во објава на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, пренесува Хина. „На дневен ред се безбедноста, интеграцијата во ЕУ и НАТО, соработката во електронското војување и беспилотните леталаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Последиците од прекинот на американската помош за Украина би биле едноставно катастрофални за Америка. Руската победа не само што ќе им се закани на сојузниците на САД во Источна Европа, туку ќе испрати и опасен сигнал до Северна Кореја и Кина и ќе укаже на слабостите на Западот, предупредува ВашингтонПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На 10 јануари утрото ширум Украина беше прогласена тревога за воздушен напад, а властите им наложија на граѓаните да се евакуираат поради зголемениот ризик од руски ракетни напади. „Опасност од ракетен напад на целата територија на Украина! (руски) МиГ-31К полетува од аеродромот Саваслеика (во Нижни Новгородска област, Русија). Не гоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија ја задржува стратешката иницијатива по целата линија на поделба, руската армија методично го намалува борбениот потенцијал на вооружените сили на Украина, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. – Во изминатата година, загубите на непријателот надминаа 215.000 луѓе и 28.000 парчиња оружје. Одржуваме стратешка иницијатива по целата линија наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На Украина и недостасуваат противвоздушни наведувани ракети речиси две години по руската инвазија, изјави во вторникот портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат. Земјата многу се потпира на воена и финансиска помош од западните сојузници од инвазијата во февруари 2022 година, но политичките расправии ја одложија исплатата на големи пакетиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Преговорите меѓу Русија и Западот за решавање на конфликтот во Украина треба да започнат во 2024 година, особено ако Доналд Трамп победи на изборите во САД, изјави пратеникот во германскиот Бундестаг Матијас Мосдорф. „Го очекувам тоа. Хаосот ќе заврши – најдоцна по победата на Доналд Трамп во Америка. Неговата победаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, оцени дека постои можност во Берлин да се одржи „Мајдан“ поради протестите на германските земјоделци и зголемените трошоци за поддршка на Украина. „Штрајкови во Германија: Фармерите блокираат голем дел од земјата. Субвенциите престанаа, а астрономските суми потрошени за Украина сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претставниците на Белата куќа и Пентагон предупредија дека САД наскоро нема да можат да снабдуваат ракети за украинските системи за воздушна одбрана „Патриот“. Како причина се наведува високата цена (од 2 до 4 милиони долари по парче) и големата потрошувачка за време на војната. Од почетокот на војната во февруариПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Светот ќе биде доминиран од три војни оваа година – Русија против Украина, сега веќе трета година, Израел против Хамас, сега во третиот месец, и САД против самите себе, конфликт подготвен да започне во секој момент, според годишниот извештај на консултантска компанија за политички ризик Eurasia group. Претседателските избори воПрочитај повеќе