Војна во Украина (Page 202)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Би-Би-Си објави шокантна репортажа од Авдиивка, град на истокот на Украина, кој руските сили со месеци се обидуваат да го освојат и го претворија во урнатини. Loading… Според последните информации, падот на Авдиивка е само прашање на време. „Раката на мажот изгледаше непрепознатливо. Како скршена и модринка праска. Или какоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна во складиште за нафта во областа Курск како последица на напад на украинско беспилотно летало, изјави гувернерот. Loading… Според првичните информации нема повредени. Претходно беше соопштено дека пожарот што избувна на железничката станица Курск поради удар на украински дрон е изгаснат. За ова зборуваше гувернерот на областа Курск,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во цела Украина утринава е прогласена тревога поради силен руски напад, а погоден е и главниот град Киев и неколку региони, каде има жртви и разурнувања, соопштија украинските власти. Loading… Вооружените сили на Украина известија дека неколку авиони Ту-95МС полетале од аеродромот Олења во областа Мурманск во Руската Федерација. ИстоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека на Украина треба да ѝ се даде перспектива за членство во Европската унија, но и предупреди дека е скептичен кога се во прашање роковите и дека Брисел не треба да ветува нешто што не може да го исполни. Loading… „Целосно сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина тврди дека уништила или оневозможила третина од руската Црноморска флота, откако нејзината воена разузнавачка служба објави дека синоќа потопила друг руски воен брод во напад со поморски беспилотни летала во близина на брегот на Крим. Loading… Рускиот амфибиски јуришен брод Цезар Куников бил нападнат од беспилотни летала Magura V5,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

По успешното тестирање во САД, Украина наскоро ќе ја добие првата голема серија ракети со долг дострел на Боинг, кои треба да овозможат удари длабоко на територијата под руска контрола, тврдат извори запознаени со предметот. Loading… Тие проектили би можеле да пристигнат на бојното поле во Украина уште денеска, пренесуваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руските единици успешно напредуваат, меѓу другото кај Авдеевка во ДНР, изјави за телевизијата „Рада“ началникот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов. Loading… „За наша жал, тие (руските трупи) имаат одреден напредок на полињата и во околината на Авдејевка“, рече тој. Буданов додаде дека вооруженитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Европа не ја сфати доволно сериозно руската закана, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, нагласувајќи дека Берлин е во домет на руските ракети стационирани во руската ексклава Калининград. Loading… Неговите изјави се само последните во низата предупредувања од високи западниПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел денеска објави дека воената поддршка на Европската унија (ЕУ) за Украина, зајакнувањето на одбранбената индустрија на ЕУ, како и безбедносните предизвици во Црвеното Море, Сахел и Гвинеја, ќе бидат главните теми на неформалниот состанок на министрите за одбрана наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно, се сретнал со генералот Валериј Залужни и го повикал да поднесе оставка. Loading… Залужни одговорил дека е право на претседателот да избере со кого ќе работи, но тој одбил да го напише писмото за оставка и нема намера да го стори тоа, пишува украинскиот порталПрочитај повеќе