Војна во Украина (Page 134)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја критикуваше агендата на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел поради фактот што се планира да се разговара за нова воена помош за Украина во износ од над шест милијарди евра, и покрај предлозите за примирје за време наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украински дронови извршија неколку напади во Русија во текот на ноќта во саботата, вклучително и напад врз инфраструктурата за складирање гориво во централниот руски регион Ориол, што предизвика голем пожар. Гувернерот на Ориол, Андреј Кличко, рано утринава изјави дека „масовниот напад“ на инфраструктурата го предизвикал огнот на гориво. Гувернерот наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју емитувано доцна во четвртокот рече дека Киев сè уште не е подготвен да започне преговори со Русија бидејќи нема оружје, нема безбедносни гаранции и меѓународниот статус што го бара. Андриј Јермак ова го изјави за јавната телевизија Суспилна во времеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Полска утрово се подигнати ловци Ф-16 за да го заштитат воздушниот простор на земјата поради рускиот ракетен напад на територијата на Украина, соопшти полската армија. Поради рускиот напад врз објекти лоцирани, меѓу другото, на запад од Украина, во согласност со важечките процедури, подигнати се дежурни парови ловци, а копненитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Утрово Русија изврши голем напад врз украинските енергетски капацитети, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко. Компанијата Укриненерго на Фејсбук објави дека поради силниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети, зголемен е обемот на мерките за ограничување на потрошувачката на електрична енергија. Прогласена е воздушна тревога низ целата земја, аПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави (САД) најавија нова воена помош за Украина во износ од 500 милиони долари. „САД ќе достават уште една значајна пратка опрема и оружје на нашите украински партнери на кои итно им е потребна помош додека се бранат од руската агресија“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Висок функционер на руска компанија која развива крстаречки ракети користени од Русија во војната со Украина, бил застрелан и убиен во близина на Москва, објавија во четвртокот украинските медиуми. Михаил Шацки, заменик-главен дизајнер во Бирото за дизајн на Марс – кое развива и произведува системи за наведување за руската военаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп Џуниор, најстариот син на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, објави видео на Инстаграм како одговор на најавата дека неговиот татко ќе биде прогласен за личност на годината од американскиот магазин Тајм. На почетокот на видеото е прикажана насловната страница на Тајм од 2022 година на која е украинскиот претседателПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави денеска дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја продлабочува поделбата во Европа, тврдејќи дека ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО. Захарова истакна дека ОБСЕ сега го заобиколува мислењето на РусијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Расположението поврзано со Украина на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел на 3 и 4 декември може да се опише со еден збор: мрачно. Доволно е да го слушнете инаку веселиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте: „Ова може да биде најтешката зима за Украина одПрочитај повеќе