Војна во Украина (Page 133)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп е подготвен да изврши притисок врз Украина да се согласи на договор за прекин на огнот за да ѝ докаже на американската јавност дека може да ги исполни своите ветувања, изјави воен аналитичар и поранешен американски воен советник. Да потсетиме дека Трамп во предизборната кампања вети дека брзоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во вторникот ги обвини европските лидери дека бараат опасна ескалација на конфликтот во Украина по реизборот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Медведев, висок безбедносен функционер, напиша на Телеграм дека европските политичари имаат намера „да го турнат конфликтот со Русија во неповратна фаза“ додека можатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Мајка и нејзините три деца загинаа во руски ракетен напад врз Криви Рих доцна синоќа, објави денеска гувернерот на тој град во централна Украина, Олександар Вилкул, а украинската агенција Укринформ објави збирни податоци за жртвите на децата од почеток на руската агресија против Украина. Телата на четири жртви биле извлечениПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсија жител на Севастопол поради сомневање дека имал намера да изврши терористички напад во близина на термоцентралата Балаклава (ТЕ) по наредба на украинската разузнавачка служба, соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ. Според Центарот, 29-годишен локален жител контактирал со Службата заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германското снабдување на Украина со ракети Таурус нема да го промени текот на војната, но во голема мера ќе го зголеми ризикот конфликтот да премине „во најопасната фаза“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. Тој посочи дека „ултиматумот“ на германскиот кандидат за канцелар Фридрих МерцПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во складиште за нафта во рускиот регион Белгород, резеворар се запали по напад на украинските вооружени сили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков. „Вооружените сили на Украина со дрон нападнаа складиште за нафта на територијата на градскиот округ Стари Оскол. Како резултат на експлозијата, еден од тенковите сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Борбите се водат во рускиот пограничен регион Курск од август годинава, по ненадеен упад на украинските единици, додека руските сили се обидуваат да ги протераат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Москва собрала таму 50.000 војници. Во редовното обраќање Зеленски рече дека операцијата на украинските единици во регионот Курск „јаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а девет се повредени во руските напади врз областа Одеса што беа извршени во текот на ноќта, соопштија украинските власти. Како што е прецизирано, руските сили го извршиле нападот со нападни беспилотни летала. Државната служба за вонредни ситуации на Украина соопшти дека се оштетени станбени згради, одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германија ќе може да ѝ обезбеди на Украина поголем дел од претходно ветените четири милијарди евра, дури и ако буџетот за 2025 година не биде одобрен навреме во услови на колапс на владејачката коалиција, пишува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од Комисијата за буџет на Бундестагот и неколку другиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во рускиот воздушен напад врз Харков со бомби од 500 килограми повредени се 25 лица, од кои пет се хоспитализирани, соопшти Олех Синегубов, шеф на регионалната државна управа во Харков. Мета на нападот биле окрузите Салтовски и Шевченко, а поради нападот биле евакуирани 30 лица, меѓу кои четири деца, изјавиПрочитај повеќе