Општина Куманово (Page 9)

Општина Куманово е општина во североисточниот дел на Република Македонија.

Административен центар е градот Куманово.

Општината содржи вкупно 46 села и населени места: Агино Село, Бедиње, Бељаковце, Биљановце, Брзак, Вак’в, Винце, Воиновиќ, Габреш, Горно Коњаре, Градиште, Д’лга, Доброшане, Довезенце, Долно Коњаре, Живиње, Зубовце, Јачинце, Карабичане, Клечевце, Кокошиње, Колицко, Косматац, Костурник, Кутлибег, Кучкарево, К’шање, Лопате, Љубодраг, Мургаш, Ново Село, Новосељане, Орашац, Пезово, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Скачковце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези (село), Четирце и Шупљи Камен.

Градоначалник е Максим Димитриевски кој првиот мандат го доби како член на партијата СДСМ, а вториот како независен кандидат зао движењето „За наше Куманово“.

Во продолжение сите вести од работењето на Општина Куманово.

Сподели со своите пријатели

Децата без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, денеска добија новогодишни пакетчиња од Општина Куманово.     Претседателката на Совет на Општината, Ивана Ѓорѓиевска  и раководителот, Александар Крстевски, заедно со Дедо Мраз, традиционално поделија новогодишни пакетчиња на деца без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства.  Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово ќе организира дводневна предновогодишна забава за најмалите. На 27ми декември во Занаетчискиот дом ќе се одржи новогодишна детска претстава со почеток во 11 часот. Истиот ден на истото место, но со почеток во 20 часот концерт ќе одржи оперскиот пејач Дарко Тодоровски.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги распиша тендерските постапки за три проекти кои Владата ѝ ги одобри преку програмата за поддршка на општините, информираа денеска од општината. По изборот на економските оператори ќе почнат да се одвиваат градежните активности за трите проекти. – Тендерските постапки за сите три проекти: изградба на водоводна мрежа,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Амбасадорката на Кралството Холандија Озлем Џанел, денеска во просториите на Општина Куманово оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски. Како што информираат од кабинетот на Димитриевски, на средбата било разговарано за продлабочување на меѓусебната соработка.     – Во пријателска атмосфера беше потенцирана досегашната успешна комуникација меѓу двете земји. Разговаравме иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во 2025 година ќе доделува субвенции за набавка на инвертер клима уреди, според одлуката која вчера ја изгласа Советот на општината. Станува збор за околу 100 семејства кои ќе добијат субвенции во износ од 20.000 денари за набавка на вакви уреди, за чија намена од Буџетот на располагањеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Вендинг машини за одлагање пластични шишиња и алуминиумски лименки ќе бидат поставени пред маркетите во Куманово. Општина Куманово во рамки на програмите за 2025 година предвиде средства за „паметно управување со отпад од пакување“ при што граѓаните ќе добиваат т.н. зелени поени со секое правилно депонирано шише. – Ќе бидатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Скоро три милијарди денари, или 48 милиони евра ќе тежи Буџетот на Општина Куманово за 2025 година, кој вчера го изгласа Советот на седница која траеше речиси 12 часа. Буџетот е за 15 отсто поголем во однос на оној за 2024 година кој изнесуваше 2,1 милијарди денари. – Вкупниот буџетПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Иако сме на чекор пред зимата, Општина Куманово не запира со градежните активности, па така деновиве се работи на асфалтирање на неколку локални патишта. Во тек е реконструкција на патот кој води кон селото Режановце, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.     Паралелно со тоа веќе е поставен нов асфалт наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска ги потпиша договорите со неколку невладини организации за спроведување активности во областа на здравствена и социјална заштита.     Како што информираше претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, ова е втор повик од областа на социјална заштита, но прв во област на здравствената. – ИмашеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово го избра уметничкото дело „Спортска сала Соколана Куманово“ за сувенир на општината за 2024 година. Истиот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, насловен како „Спортска сала Соколана Куманово”, со мотив „Да ја сочуваме”. Како што информираат од локалната самоуправа, филигранот „Соколана” е прилагоден за масовно производство, соПрочитај повеќе