Кина (Page 20)

Кина, официјално Народна Република Кина (НРК), е земја во Источна Азија.

Таа е најнаселената земја во светот, со население од повеќе од 1,4 милијарди луѓе. Земјата опфаќа пет географски временски зони и граничи со 14 земји. Втора е по големина од која било земја во светот по Русија. Се состои од 23 провинции, пет автономни региони, четири општини и два специјални административни региони (Хонг Конг и Макао).

Национален главен град е Пекинг, а најнаселен град и финансиски центар е Шангај.

Кинескиот устав вели дека Народна Република Кина „е социјалистичка држава управувана од народна демократска диктатура која е предводена од работничката класа и заснована на сојуз на работници и селани“. Дека државните институции „ќе го практикуваат принципот на демократски централизам.“

Таа е меѓу единствените социјалистички држави во светот управувана од комунистичка партија.

Кинеската влада на различни начини беше опишана како комунистичка и социјалистичка, но и како авторитарна и корпоратистичка. Има тешки ограничувања во многу области, особено против слободниот пристап до интернет, на печатот, на собирање, право на раѓање деца.

Во продолжение сите вести од Кина.

Сподели со своите пријатели

Неколку часа откако Доналд Трамп официјално стана претседател на САД, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин одржаа онлајн состанок, на кој се договорија за дополнително зајакнување на билатералните врски, објавија државните медиуми во двете земји. Нарекувајќи го Си Џинпинг „драг пријател“, Путин рече дека Русија и КинаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кина не учествува во управувањето и функционирањето на Панамскиот канал и никогаш не се мешала во овие работи, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг. Таа додаде дека Кина постојано го почитува суверенитетот на Панама над каналот и го признава како трајно неутрален меѓународен воден пат,Прочитај повеќе

A chinese flag flying on top of a building

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг денеска изјави дека Кина верува дека нема победници во трговската војна. Нинг ја даде изјавата откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот тим размислува за воведување царина од 10 отсто за кинески производи што би можело да стапи на силаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот Доналд Трамп вчера ги повлече САД од Парискиот договор за борба против климатските промени, Кина изрази загриженост за потегот, а ОН се уверени дека Американците нема да се откажат од заштитата на климата. „САД нема да ја саботираат сопствената индустрија додека Кина загадува неказнето“, рече Трамп, отстранувајќи го најголемиотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Односите меѓу Кина и Русија не зависат ниту од домашни фактори, ниту од светските случувања, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите со неговиот кинески колега Си Џинпинг. „Ние ги градиме нашите односи врз основа на пријателство, взаемна доверба, поддршка, еднаквост и взаемна корист. Овие врски се самодоволниПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кинескиот потпретседател Хан Женг разговараше за клучни теми со новоизбраниот американски потпретседател Џеј Ди Венс и технолошкиот милијардер Илон Маск во неделата, ден пред инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД. Транзицискиот тим на Трамп објави дека на состанокот се разговарало за голем број важни прашања, вклучително и трговијатаПрочитај повеќе

a bunch of flags that are next to each other

Сподели со своите пријатели

Кина погуби две лица одговорни за одделни смртоносни напади што се случија во ноември минатата година, објави Би-Би-Си. Фан Веикиу (62) уби најмалку 35 луѓе и повреди десетици други кога со својот автомобил влета во луѓе кои вежбаа пред стадионот во Жухаи, што според многумина е најсмртоносниот напад на кинескаПрочитај повеќе

black smartphone showing time at 12 00

Сподели со своите пријатели

Кина ги повика САД „да го слушнат гласот на разумот“ откако стапи на сила законот за забрана на популарната апликација ТикТок на американска територија. „Се надеваме дека американската страна ќе го слуша гласот на разумот и ќе обезбеди отворена, фер и недискриминаторска деловна средина за економските субјекти од сите земјиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави во понеделник, 20 јануари, ќе положи заклетва по втор мандат, овојпат како 47-ми американски претседател. И Трамп и новоизбраниот потпретседател Џ. Д. Венс ќе положат заклетва и новата администрација ќе започне со работа среде долгиот ден на прослави кои ќе вклучуваат музички изведби иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кинескиот лидер Си Џинпинг можеби лично не ја прифатил поканата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговата инаугурација, но Пекинг презеде невообичаен чекор и испрати висок функционер да присуствува на церемонијата на положување заклетва во Вашингтон. Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата по средбата со идниот американскиПрочитај повеќе