Тачи: Убиството на Ивановиќ не е етнички мотивирано

Сподели со своите пријатели

Истражните органи наскоро ќе изнесат конкретни резултати од истрагата за убиството на лидерот на СДП, Оливер Ивановиќ, најави косовскиот претседател Хашим Таи.

Тачи рекол дека ја следи работата на органите за откривањето на нарачателите и убиецот на Оливер Ивановиќ, за што, како што вели, неодамна разговарал и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а пренесува РТК.

– Тоа е криминално мафијашки акт, без точни податоци за политички мотиви. Се исклучува секоја можност за етничкиот мотив. За тоа разговарав и со Вучуиќ и Србија изрази подготвеност да помогне на косовските институции во размената на информации за убиството на Ивановиќ. За да дојдеме до релевантни информации, институциите на Косово кои ја водат истрагата, блиско соработуваат и со КФОР, ги користиме сите можности за да дојдеме до доказит екои водат кон извршителот на тоа кривично дело, рекол Тачи.

Таи, навел, дека инсистира на продолжување на дијалото со Белград и додава дека од почетокот на разговорите во Брисел немало етнички мотивирани инциденти.

Како што додава, Србите и Албанците на Косово сакаат мир, дијалог и напредок.