Тачи: Благодарни сме на Хрватска за помошта во изградбата на државата Косово

Сподели со своите пријатели

Косово и Хрватска имаат исти погледи на случувањата во регионот и имаат традиционално партнерство, ова за време на средбата со претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ во Њујорк го изјавил претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Тачи истакнал дека Косово е благодарно на Хрватска поради исклучитечната помош во изградбата на државата Косово, во јакнењето на демократијата, обезбедувањето сигурна иднина на евроатланскиот пат, особено кон ЕУ и НАТО.

– За нас Хрватска, како членка на ЕУ и НАТО и како една од главните регионални актери, е партнер на Косово во служба на зајакнување на стабилноста и мирот во регионот. Делиме исти гледишта на случувањата во регионот и имаме традиционално партнерство, рекол Тачи.

Тачи и Грабар Китаровиќ разговарале и за евроатлнтската перспектива на Косово и за последната фаза од дијалото за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија.

Leave a Reply