Таа има 28, а тој 73 години: „На луѓето им кажува дека ми е дедо“

Сподели со своите пријатели

Австралиецот Нев МекДермод стоел на автобуската станица кога 28-годишната Рејчел Робертс му понудила возење. Таа немала претстава дека еден ваков љубазен чин ќе прерасне во љубовна приказна, иако „прилично згодниот“ пензионер е 40 години постар од неа.

Loading...

Иако нивната врска е постојан предмет на озборувања од луѓе кои гп нарекуваат спонзор, Рејчел не е загрижена за гласините. Таа тврди дека никогаш не била посреќна и дека сака сè во врска со својот избраник.

Двојката сега е свршена и се надеваат дека наскоро ќе станат родители.

– Нев живееше близу мене. Тој знаеше дека сум скоро без татко и тој понуди да ѝ помогне и на мајка ми. Откако поминавме еден месец секој ден заедно, сфатив дека не можам повеќе да бидам без него “, рече Рејчел.

Неколку дена подоцна, таа побарала од Нев да се всели со неа, и оттогаш тие не се разделилњ.

Но, тогаш почнале да кружат гласини за нивната врска.

„Луѓето порано велеа дека сум спонзоруша, иако Нев има само инвалидска пензија. Не обрнувавме внимание. Кога забележуваме дека луѓето нè гледаат чудно, Нев се шегува и вели: „Ајде, внуко, дозволи ми да те бакнам“, додава таа.

Таа се надева дека ќе забремени што е можно поскоро, бидејќи е свесна дека поради неговата возраст, „тие го немаат целиот живот на располагање“.

Loading...

– Кога би забременила би билапресреќна. Нев сега има 73 години и ние брзаме да се венчаме што е можно поскоро. Иако нема да поминеме многу време заедно, квалитетот е поважен за нас отколку квантитетот – заклучува Рејчел.

Leave a Reply