Таа има 19, а тој 42 години: Тврдат дека се сродни души (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кортни Луиз Меквеј (19) е девојка која со денови се бори против негативните коментари кои и ги оставаат луѓето на социјалната мрежа ТикТок, а сето тоа поради врската со 23 години постар маж.

Loading...

Иако знаела дека двајцата ќе се соочат со критики и остри реакции од луѓето на интернет, оваа девојка сепак решила да објави видеа со своето момче.

– Се додека си полнолетна и не се работи, да речеме, за 30 години разлика во години, кога имаш 15 години, тогаш тоа е во ред. Не можеш да бираш кого ќе сакаш, тие чувства само доаѓаат – рекла оваа девојка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците се повеќе загрижени за микропластиката: Може да ги загрози археолошките наоди

 

 

Сепак, повеќето луѓе не веруваа во нејзините зборови, а нејзината врска ја нарекоа „болна“ и „одвратна“. Иако е среќна во врска и тврди дека го нашла мажот на својот живот, Кортни тврди дека не ни сонувала дека некогаш ќе биде со маж толку постар.

– Не мислев дека кога ќе имам речиси 20 години, ќе бидам со 42-годишен маж. Многу луѓе ми велат дека сум со него затоа што ми недостига татковска фигура, но тоа не е точно. Едноставно го сакам, како дечко и како маж. Лично, мислам дека возраста е само бројка откако ќе наполните полнолетна возраст. Не ми е гајле дали ќе добијам еден куп омраза. Го сакам повеќе од животот – додала Кортни.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Секое шесто дете е жртва на сајбер-малтретирање

 

 

Една личност напишала под нејзиното видео:

-Прашањето е зошто 42-годишник би сакал да биде со 19-годишник, едноставно е погрешно. Тој имал 23 години кога вие сте се родиле. Тој е доволно стар за да ти биде татко.

И покрај критиките, Кортни вели дека е во среќна врска и дека го нашла мажот на својот живот и дека никој никогаш нема да ја промени нејзината одлука, пишува „The Sun“.