Таа е мајка на 44 деца (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишната Маријам Набатанзи од Уганда, се породила 20 пати. Шест пати родила близнаци, четири пати тројки и пет пати четворки.

Loading...

Маријам ја омажиле кога имала само 12 години за 28 години постар маж. Веќе на 13 години родила прв пар близнаци. По последното породување мажот ја напуштил оставајќи ја да се грижи за нивните триесет и седум преживеани деца.

Денес Маријам се бори да обезбеди егзистенција на своето семејство во селото недалеку од Кампала, главниот град на Уганда, каде нејзините деца на возраст од две до 23 години живеат во една соба.

За да го прехрани семејството дневно и се потребни 25 килограми пченкарно брашно. За да заработи пари Маријам извршува секекви работи, од фризерски услуги до собирање и продажба на отпаден метал.

Бидејќи преживеала мачно детство и изгубила шест деца, најголема желба и е останатите деца да и бидат среќни.

Leave a Reply