СЗО: Внимателно се следи новата варијанта на коронавирус

Сподели со своите пријатели

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) мутации на шилестиот ген што го носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот извештај за пандемијата на коронавирус објавен во петокот.

Loading...

Шилестиот протеин го прави вирусот да изгледа како да има боцки, што му овозможува на САРС-КоВ-2 да навлезе во клетките домаќини.

Новата верзија досега е пронајдена само во Израел, Данска и САД.

Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа, соопшти организацијата, уште еднаш предупредувајќи дека е важно да се продолжи со следење, секвенционирање и информирање на надлежните органи за да се добие точна и сеопфатна слика на КОВИД пандемијата.

До 13 август 2023 година, ширум светот беа пријавени повеќе од 769 милиони потврдени случаи на КОВИД и повеќе од 6,9 милиони смртни случаи.

Вистинскиот број на заразени и починати се смета дека е многу поголем бидејќи многу случаи не се пријавени.