СЗО: Се подготвуваме за можни „хемиски напади“ во Украина

Сподели со своите пријатели

Ханс Клуге, директор на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, денеска изјави дека телото се подготвува за можни „хемиски напади“ во Украина.

Loading...

„Со оглед на неизвесноста на моменталната ситуација, нема гаранција дека војната нема да се влоши“, рече Клуге во изјавата испратена до новинарите од Лавов во Украина, пренесува Ројтерс.

 

Зеленски: Русија ќе ги гледа новите санкции како „дозвола за напад“

 

Тој рече дека СЗО ги разгледува сите можни сценарија и смислува одговор за различни ситуации кои би можеле да го погодат народот на Украина.

– Од континуиран третман на масовни жртви, до хемиски напади – рече Клуге, без да даде повеќе детали.