СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: Премногу шеќери во храната за бебиња

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека индустриската храна за бебиња често содржи премногу шеќери и дека етикетите често се конфузни, надминувајќи ја обновата на критериумите поради подобрување на исхраната на младите.

Loading...

– Во околу половина од испитаните производи, повеќе од 30 отсто од калориите произлегуваат од чистиот шеќер и околу третина од производите содржат дополнителен шеќер или други засладувачи, соопштуваат од европскиот огранок на СЗО.

Наодите се донесени врз основа на испитаните околу 8.000 производи во повеќе од 500 продавници измеѓу Виена, Софија, Хаифа и Будимпешта од ноември 2017 до јануари 2018 година.

Зголемената содржина шеќери може да го зголеми ризикот од прекумерна тежина или кариес, а раното изложување на засладени производи создава штетна подложност кон слатка храна подоцна во животот, додаваат од СЗО.

– Добрата исхрана во неонаталниот период и раното детство е клучна да се обезбеди оптимален раст и развој на детето и најдобри здравствени резултати подоцна во животот, рекла регионалната директорка на СЗО за Европа СУзана Јакаб.

СЗО во 2018 година предупреди на раст на дебелењето и прекумерната тежина кај Европејците која се заканува да стане тренд на продолжениот животен век.

Консумирањето слатки напитоци вклучително овошни сокови може да доведе до тенденција да се напуштат прехрамбените производи богати со нутриенти.

Околу третина од испитаните производи содржела шеќер, концентрирани овошни сокови или други засладувачи кои не би требало да се додаваат во храната наменета за најмладите.

Loading...

Меѓу 18 и 57 отсто од тие производи имаат повеќе од 30 отсто калории кои потекнуваат од шеќери, се додава во соопштението на СЗО.

Меѓу 28 и 60 отсто од производите се означени дека одговараат за бебиња помлади од шест месеци, додека СЗО препорачува бебињата да се хранат исклучително со млеко од мајките во првата половина година од животот и според тоа ниту еден производ не треба да биде претставен како соодветен за деца помали од шест месеци, велат од организацијата.

За да ги охрабри своите членки да усвојат нови правила, СЗО ги ажурираше препораките.

Оргнаизацијата сака повеќе да не се рекламира млекото на мајките и препорачува храната за деца постари од шест месеци до две години да се базира на производи богати со хранливи материи и да биде подготвувана дома.

Сите дополниелни шеќери и засладувачи треба да бидат исфрлени од исхраната за бебиња.

На етикетите со слатки пијалаци, особено овошни сокови и концентрирано млеко, и на слатките треба да стои дека тие производи не одговараат за деца помали од три години.

Image by yalehealth from Pixabay

Leave a Reply