СЗО: Неправилната употреба на маските е штетна, на лекарите им се потребни

Сподели со своите пријатели

Претставници на Светската здравствена организација продолжуваат да препорачуваат луѓето да не носат заштитни маски за лице освен ако не се заразени со коронавирусот или се грижат за пациент.

Loading...

Директорот за управување со вонредни состојби на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека нема конкретни докази кои сугерираат дека масовното носење маски има потенцијални придобивки, но истакна дека неправилната употреба може да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на вирусот, пренесува Си-Ен-Ен.

Предупредување за луѓето кои консумираат алкохол за време на пандемија

Тој истакна дека СЗО верува дека маските треба да носат луѓе кои се болни и здравствени работници на кои им се потребни.

„Исто така, има глобален проблем со недостаток на маски и други медицински материјали. Луѓето со најголем ризик се здравствени работници кои се изложени секоја секунда, секој ден. Помислата дека немаат маски е страшна“, рече тој пред брифингот за медиумите.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Пандемијата би можела да однесе 1,8 милиони животи дури и со строгите мерки

Епидемиологот Марија Ван Керхов истакна дека е важно да се даде предност на употреба на маски на оние на кои им е најпотребно, професионалците од здравството.

Leave a Reply