ИСТРАЖУВАЊЕ: Пандемијата би можела да однесе 1,8 милиони животи дури и со строгите мерки

Сподели со своите пријатели

Бројот на смртни случаи од пандемија на коронавирусот во светот би можел да се искачи на 1,8 милиони оваа година, и покрај брзите и строги мерки, според студијата на Биртанскиот империјален колеџ.

Loading...

Научниците проценуваат дека владите можат да спасат десетици милиони животи доколку дејствуваат брзо и спроведат строги мерки на јавно здравје како што се тестирање, карантин и социјална дистанца, пренесува Хина.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Најновиот извештај од Империјал колеџот, чии претходни студии ја убедија британската влада да преземе построг пристап кон борбата против вирусот, беше објавен во време кога повеќе од 540.000 луѓе се заразени, а повеќе од 24.000 луѓе починаа.

Симулациите на универзитетот во Велика Британија се засноваат на тековните податоци за јачината на вирусот, неговата инфективност и смртност, како и демографските и социјалните фактори.

Проекција на сценариото без интервенции на владите предвидува дека, доколку не се реагира, КОВИД-19 ќе ги зарази скоро сите жители на светот и ќе убие 40 милиони луѓе оваа година.

Има 98 години и успеа да се избори со коронавирусот (ВИДЕО)

Извештајот потоа разгледува неколку нивоа на одговор, почнувајќи од спонтано социјално растојание до строг карантин, што во моментот се спроведува во најтешко погодените земји.

Loading...

Доколку овие мерки беа воведени навреме, што седмично би резултирало со смрт на 0,2 лица на 100.000, проекциите покажуваат дека 1,86 милиони луѓе би умреле и би биле зарезени скоро 470 милиони луѓе во 202 земји.

Доколку се воведат мерки премногу доцна и 1,6 луѓе на 100.000 починат седмично, конечниот број значително се зголемува, на 10,45 милиони смртни случаи и 2,4 милијарди заразени.

Leave a Reply