СЗО: Лани над 300 смртни случаи на деца поврзани со контаминирани лекови

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) повика на „итна и усогласена акција“ за заштита на децата од контаминирани лекови по серијата смртни случаи на деца поврзани со сирупите за кашлица минатата година, пишува Ројтерс.

Loading...

Во 2022 година, повеќе од 300 деца – главно на возраст под пет години – починале од акутна повреда на бубрезите во Гамбија, Индонезија и Узбекистан, а овие смртни случаи биле поврзани со контаминирани лекови, се вели во соопштението на СЗО објавено денеска.

Лековите, сирупите за кашлица без рецепт, имале високи нивоа на диетилен гликол и етилен гликол.

„Овие загадувачи се токсични хемикалии кои се користат како индустриски растворувачи и антифризови кои можат да бидат фатални дури и во мали количини и никогаш не треба да се најдат во лековите“, соопшти СЗО.

Агенцијата на Обединетите нации соопшти дека седум земји пријавиле контаминација со сируп во изминатите четири месеци и ги повикуваат сите 194 земји-членки да спречат нови смртни случаи.

СЗО веќе испрати предупредувања за одредени производи во октомври минатата година и на почетокот на овој месец.