СЗО: Дедо Мраз доби вакцина, подготвен е да дели подароци

Сподели со своите пријатели

Дедо Мраз прими вакцина за коронавирус и ќе може да подели подароци на децата ноќта помеѓу 24 и 25 декември, изјави претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во обид да ги смири стравовите кај децата.

Loading...

„Ја разбирам загриженоста за Дедо Мраз затоа што тој е стар“ и потенцијално во група која е особено изложена на опасност од коронавирус, изјави официјалната Марија ван Керхов.

„Можам да ви кажам дека Дедо Мраз ја прими вакцината против вирусот. Тој е одличен, како и неговата дама, и тие се многу зафатени во моментот”, додаде таа.

Официјалното лице исто така рече дека децата не треба да се плашат од епидемиолошки мерки и ограничено движење.

„Дедо Мраз ќе може да влегува и да излегува од воздушниот простор кога ќе посака и така ќе може да дели подароци“, рече таа, но додаде дека децата од целиот свет треба да разберат дека Дедо Мраз строго ќе се придржува до мерките за физичко дистанцирање.

Според неа, децата треба да легнат рано на Бадник, а Дедо Мраз ќе патува низ целиот свет за да сподели подароци.

Leave a Reply