СЗО бара нови извори за финансирање на борба против пандемијата

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација бара нови инструменти за финансирање за да обезбеди 28 милијарди долари (23,02 милијарди евра) за алатки за борба против пандемијата, изјави висок официјален претставник на организацијата и додаде дека се покажало оти финансирањето претставува „вистински предизвик“.

Loading...

– Тоа е вистински предизвик во денешното фискално опкружување, и покрај фактот дека ова е најдобрата понуда, рече високиот службеник на СЗО, Брус Ејлвард на прес-конференција во Женева.

Ејлвард рече дека оваа сума ќе биде исплатена во рок од 36 часа по укинувањето на ограничувањата за трговија и патувања.

Јасмина Тасевска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *