СЗО апелира да се донираат 84,5 милиони долари за Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика меѓународната заедница итно да донира 84,5 милиони долари за итни здравствени потреби во Турција и Сирија по разорниот земјотрес.

Loading...

„Светската здравствена организација упати итен апел за 84,5 милиони долари за здравствени потреби по земјотресите во Турција и Сирија“, се вели во соопштението на СЗО.

Како што се посочува, донацијата ќе биде наменета за лекови и други медицински материјали, како и за активирање на мрежата тимови за итна медицинска помош, со цел да се обезбедат основни здравствени услуги и материјали, пренесува ТАСС.

Повеќе од 43.000 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што на 6 февруари ги погодија делови од Турција и Сирија.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.