СВР Куманово во понеделник ќе добие нов началник

Сподели со своите пријатели

Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Велес и Битола во понеделник ќе добијат нови началници, соопштуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ги започна своите кадровски промени кога станува збор за раководните позиции во ресорот, а вчера беа донесени неколку важни одлуки.

Сашо Трајковски е новиот началник на Петтата управа во Управата за безбеднос и контраразузнавање (УБК). Доаѓа од истата професионална средина, каде претходно работел како инжинер. Доаѓа во ресорот, кој треба да спроведе обемни реформи во министерството. Истата управа беше доста на удар на јавноста поради скандалите поврзани со поранешното раководство, вмешаноста во партиски зделки, криминал, уништување опрема и сл. за што Специјалното јавно обвинителство веќе и спроведува истражни и обвинителни постапки.

Смена има и во раководството на Внатрешната контрола на МВР, кае е расрешена Анета Станчевска, помошник министерка за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР. Станчевска исто така се јавуваше во бомбите на опозицијата. Како, што пишува Дојче веле на македонски, таа е на боледување од 3ти мај, непосредно по насилството во Собранието кога таа раководеше со овој дел од МВР. На нејзиното место доаѓа Дејан Андонов, кој долги години бил во Секторот за внатрешна контрола, за да потоа бил прекомандуван во граничната полиција.

Марјан наковски е разрешен од позицијата началник на крим-полицијата, а на негово место е назначен Марјан Коцев, советник во кабинетот на министерот Оливер Спасовски.

Од понеделник смени ќе има и во Секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Велес и Битола, но ќе бидат сменети и началниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и Единицата за специјални задачи „ТИГАР“.

Потоа ќе следува и втора фаза кога ќе се менуваат началници во СВР Штип и СВР Струмица, но ќе се назначат и нови помошници директори во Министерството за внатрешни работи.

 

Loading...