СВР Куманово со превентивни кампањи против употреба на петарди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово деновиве спроведува активни кампањи против употреба на петарди и пиротехника на подрачјето на општините Куманово и Липково.

Loading...

 

 

Ученици од неколку училишта во двете општини заедно со полицијата ги стопираа возачите и минувачите и им поделија флаери на кои се испишани превентивни пораки во кампањата „Пиротехничката не е играчка“, но и информации за законските санкции за прекршителите.

– Отсек за превенција реализираше едукативни работилници во сите основни и средни училишта и паралелно со тоа одиме со јавни кампањи на сите подрачја и вклучуваме познати личности од јавниот живот, лепење на постери на видни јавни места за постојано потсетување не само на законската одговорност, туку и јакнење на свеста за последиците кои може да настанат и по животот и здравјето на луѓето и децата, а всушност честопати тука се загрозени и миленичињата, изјави Богдановска.

 

Loading...

 

Апели да се воздржат од користење пиротехника и оружје упати и градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи.

– Бараме и апелираме да не се повтори како пред Нова година. Не треба да се употребува оружје, петарди и слични работи, ние заедно ќе се потрудиме заедно со нашите граѓани и СВР Куманово да продолжиме и да сме заедно во ова место, изјави Арифи.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Ова кампања ќе трае до завршување на празниците и во текот на јануари 2022 година.

Никола Ивановски