СВР Куманово со кривични за 11 лица поради малверзации со увоз и регистрација на возила

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи поднесе кривични пријави против 11 лица за сторени повеќе кривични дела при плаќање давачки за увоз на половни моторни возила и нивна регистрација во државата.

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, вработен како контролор во станица за технички прегледи во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „употреба на исправа со невистината содржина“ по член 380,  против Б.П.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б, против Д.З.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за „давање лажен исказ“ по чл.367  и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама “ член 278-б и против К.П.(39), М.П.(37) , Д.М. (36), Д.С.(35), С.С.(40), М.М.(37) и М.М.(24), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Мали чекори кон здрав живот“ – работилница за најмалите во кумановската градинка

М.П. и Ф.Т. во текот на 2024 година се договориле Ф.Т. да наоѓа сопственици на моторни возила кои сопствениците со странски регистарски таблички ги управуваат на територија на државата и во соработка и договор со Б.П  ги наоѓале сопствениците и за половина од цената што треба да jа платат на име царински и други давачки за увоз на половни моторни возила М.П. ги регистрирала и внесувала во електронскиот систем на регистрирани моторни возила без да ги платат давачките за увоз на половни моторни возила, за сообраќајна дозвола, административни такси, такса за користење на регионални и локални патишта и надомест за издавање на регистарски таблички.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Весна Петрушевска – лауреат на Денови на комедија 2025 (ВИДЕО)

Ф.Т., користејќи го своето работно место, а откако претходно се договорил со Б.П. Д.З., К.П., М.П., Д.М., Д.С., С.С., М.М., и М.М., изготвувал електронски табели налик на табелата која се издава од Бирото за метрологија при издавање на хомологација за возила увезени од странство, во кои внесувал податоци за возилата.