СВР Куманово со кривична пријава за државјани на Косово поради седум кражби

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б. (28) и К.Г. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „тешка кражба“ во обид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените во период од 05.07 до 20.07.2016 година на подрачје на општина Липково-селата Матејче, Отља и Липково петте дела тешки кражби во куќи ги сториле со употреба на физичка сила, со насилно отварање на прозори и влезни врати при што одземале парични средства, златен накит и техничка стока.

Другите дела тешка кражба во обид се извршени на подрачје на с. Матејче од куќи во кои пријавените не одзеле ништо, велат од МВР.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.