СВР Куманово со кривична пријава против државјанка на Србија

Сподели со своите пријатели

Како што стои во дневниот билтен на Минситерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С. (40), срспка државјанка поради сомнение за сторено кривични дело „измама“.

Loading...

Пријавената во текот на 2015 година на три лица од Кратово, Штип и Радовиш како и на членови на нивните семејства, лажно им ветила дека ќе им организира патување до Р.Германија каде ќе побараат азил, при што пријавената им одзела парични средства стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.330 евра и 2.000 денари.

Секторот за внатрени работи – Куманово против осомничената ќе поднесе соодветна кривична пријава.