СВР Куманово со апел за чествувањето на Илинден

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на престојниот празник „Илинден,“ кога се очекува излетничките места помасовно да бидат посетени од граѓаните, СВР Куманово упатува апел особено до посетителите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.

Loading...

– Потсетуваме дека предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од кумановската полиција апелираат и на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, да се почитуваат правилата за ограничување на брзината, да се прилагодува брзината согласно условите на патот и да не се управува моторно возило под дејство на алкохол.

Никола Ивановски