СВР Куманово: Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни

Сподели со своите пријатели

По многубројните пожари на подрачјето на Куманово Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните особено земјоделците да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.

Loading...

– Да се воздржат од палење огнови, кои можат брзо да пламнат и да се прошират односно да нанесат огромна штета, велат од СВР Куманово.

Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни, а предвидени се и затворски казни.

Никола Ивановски

Leave a Reply