СВР Куманово се приклучи на акцијата за чистење

Сподели со своите пријатели

Вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово денеска беа дел од акцијата за чистење, со која вработените во јавната администрација го обработуваа 2 јануари 2019 година, а воедно упатија порака до граѓаните дека треба да бидат посовесни кон околината во која што сите живееме.

Loading...

Поради сензитивноста на своите работни задачи, полициските службеници и административниот кадар на СВР Куманово чистеше во околината на Полициската станица.

Останатата јавна администрација чистеше на пет локации во градот, а како дел од владината одлука да се даде поддршка на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.

Leave a Reply