СВР Куманово поднесе неколку кривични пријави за кражби и проневера на служба

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д. (46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, откако на 19 јануари, од црвката „Свети Јован Крстител“ во с. Макреш општина Старо Нагоричане, пријавениот одзел 14 разни фотографии од икони и истите ги фрлил преку мост во реката Пчиња.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Л. (41) и А.Н. (33), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавените на 08.11.2015 година во ресторанот „Ранч“ заради плаќање на угостителски услуги пуштиле во оптек четири фалсификувани банкноти во апоени од по 500 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М. (42) од с. Матејче, службено лице во АД „Македонски пошти“, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од 12.03.2015 до 28.01.2016 година, во повеќе наврати од главната благајна противправно присвојувал парични средства кои потоа ги покривал со неисплатување на пензии и социјална помош на крајните корисници, со што се стекнал со 242.061 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т. (60) од Куманово, управител на ДПТУ „Обла Трејд“ ДООЕЛ Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“. Пријавениот, кој е содружник во правниот субјект ДПТУ „Пет рециклинг“ ДООЕЛ, со намера да се стекне со противправна имотна корист во периодот од јуни до септември 2015 година во повеќе наврати, без претходна согласност на управителот на правниот субјект, присвоил еден дел од опремата со што го оштетил истиот за износ од 928.575 денари.