СВР Куманово поднесе кривични за насилство против четири лица

Сподели со своите пријатели

Четири лица од кои две од Куманово и две од село Морани, општина Студеничани добија кривични пријави под сомнение дека сториле кривично дело насилство.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б.(35), Е.Б.(27), двајцата од Куманово, како и против О.Б.(22) и Е.Д.(21) од село Морани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 09.12.2021 во Куманово, пријавените, по претходна расправија поради оштетено патничко возило, физички ги нападнале Т.Ј. и Р.Ј од Куманово.

Никола Ивановски