СВР Куманово поднесе кривични пријави поради малверзација при извоз на јагоди

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ф.(31) од општина Сарај, Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, против Ш.Ф.(54) од општина Сарај, Скопје и Друштво за трговија и услуги АЛБ ИНВЕСТ ХОУЗЕ ДОО Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против Ш.А.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Loading...

Како што информираат од кумановската полиција M.Ф., сопственик и управител на правно лице ДТУ Алб Инвест Хоузе ДОО Скопје, во март 2019 година набавил 20.838 килограми јагоди спакувани во 3.532 колети со непознато потекло со сомнителен квалитет, за кои не постои никаков документ за нивната набавка. Тој, заедно со Ш.Ф., како полномошник кој го застапува правното лице во трговското работење, на 02.04.2019 година го ангажирале правното лице – Даути Транспортшпед АД од Скопје во име на правното лице да ја подготви целокупната документација за извоз на набавените јагоди.

Ш.Ф. по овластување од М.Ф истиот ден, изготвил лажна изјава дека јагодите ги откупил од наши земјоделци и дека се со потекло од Р.С. Македонија и ја употребил како вистинска, приложувајќи ја кон Пријавата за добивање на Фитосанитарен сертификат за извоз на пратки кои подлежат на фитосанитарна инспекција кон Барањето за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз на јагодите во Р.Србија од 02.04.2019 година.

Ваквата документација, како што стои во соопштението на СВР Куманово, пријавените ја приложиле кај Ш.А. вработен во Државен инспекторат за земјоделство – Фитосанитарна инспекција, како Фитосанитарен инспектор на ГП Табановце – патен, кој на 02.04.2019 година ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што со некомплетна документација, прифаќајќи ја само лажната изјава изготвена и доставена од М.Ф и Ш.Ф, изготвил, потпишал и заверил Фитосанитарен серификат од 02.04.2019 година со што одобрил извоз на јагоди во Р.Србија со непознато потекло и неутврден кавалитет.

Leave a Reply