СВР Куманово поднесе две кривични за силување и лишување од слобода

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С.(32), двајцата од село Герман, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“.

Пријавените, во периодот од 09.12.2015 година до 21.12.2015 година во м.в.„ Гарејци“ атар на с.Герман, Општина Ранковце, противправно држеле 25 годишна жителка на с. Нерав во нивната семејна куќа во с.Герман, при што и ја ограничиле слободата на движење и, исто така, со закани вршеле полови дејствија.

Пријавените, исто така, и ја ограбиле оштетената при што и одзеле 500 евра, мобилен телефон, златно ланче, а и забраниле да комуницира со нејзините малолетни деца и невенчаниот сопруг.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.