СВР Куманово-од три пријавени случаи за измами за наводни сообраќајни несреќи, два расчистени

Сподели со своите пријатели
Во изминативе две години на подрачјето на СВР Куманово пријавени се три случаи на измами во кои граѓани плаќаат за наводни сообраќајни незгоди во кои учествувале членови на нивните семејства, соопштија, денеска од полицијата. Од секторот појаснуваат дека таргет на измамниците биле повозрасни граѓани и додаваат дека од вкупно пријавените три случаи, разрешени се два со познат сторител.

– Од самото формирање на отсекот за превенција од 2008 година, наваму покрај другите мерки и активности една од целни групи е и заштита на граѓани од секаков вид на измами меѓу кои и наведеното. На секој состанок и неформални средби со граѓани е разговарано и укажувано како да се заштитат за да не бидат измамени по кој било основ. Секој месец се остваруваат најмалку две средби со членови на здруженија на пензионери и ветерани на армијата, во соработка со невладини организации, како и воопшто работа со сите генерации, да се внимава, со цел навремено забележување на сомнителни лица и укажување во полицијата-наведуваат од кумановската полиција.

Loading...

Последен обид за измама во Куманово кумановската полиција го регистрираше во средината на септември, годинава, а потенцијална мета беше повозрасен кумановец на кого измамник му барал 35.000 евра за да зет му не оди во затвор, бидејќи во наводна сообраќајна несреќа во која учествувале ќерка му и зет му, животот го загубил малолетен мигрант. Кумановецот се согласил да плати 10.000 евра, но за среќа се јавил на ќерка му која го информирала дека лицето се обидува да го измами.

Александра Максимовска, Куманово

Leave a Reply