СВР Куманово на средба со претседателите на месните и урбани заедници

Сподели со своите пријатели

Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од организациските единици при СВР Куманово, денеска организираа работен состанок со Претседатели на Месни и Урбани заедници на подрачје на Општина Куманово.

Loading...

– На средбата беше разговарано за превземање превентивни мерки за заштита и спречување од кривични дела тешки кражби од куќи и станови, џебни кражби, како и будност и внимание при купување огревно дрво во овој период, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

На средбата како што додаваат од полицијата, било дискутирано и за целокупна безбедносна состојба, безбедност во сообраќај, непрописно паркирање, пукање на семејни веселби , свадби, и укажување за законски санкции против прекршителите на Јавен ред и мир, и сторителите на кривични дела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

– Целта на денешниот работен состанок, каде учество земаа и преставници од Општина Куманово, е намалување и спречување на кривични дела и поголема безбедност на граѓаните, велат од СВР Куманово.

Отсекот за превенција при СВР Куманово со активностите ќе продолжи во текот на наредниот период.

Loading...

Никола Ивановски