СВР Куманово им одржа лекција на кумановчани за сторени прекршоци (видео)

Сподели со своите пријатели

Секторот за превенција при СВР Куманово денес ја одржа 17 – та по ред ”Сообраќајна поука” за лица кои сториле законски прекршок во сообраќајот.

Loading...

Денеска беше одржан теоретскиот дел од поуката на која присуствуваа околу 30 лица на кои им беа презентирани два филма од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Како што вели раководителот на Секторот за превенција, Виолета Богдановска, оние кои прв пат доаѓаат на поука нема да добијат парични казни, додека за останатите, зависно од прекршоците може да добијат уште една сообраќајна поука, но подоцна задолжително се оди со казнена санкција.

За денеска беа испратени 30 покани, а против оние лица кои нема да учествуваат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци барање за поведување на прекршочна постапка. За возачите ќе биде доставена покана за да си запишат негативни поени, доколку тоа не го сторат ќе се поднесе соодветно барање – додава Богданосвка.
Досега 352 граѓани учествувале на сообраќајни поуки од ваков тип, а од СВР Куманово велат дека преку нив сигурно ќе се допре до граѓаните да ја зголемаат сообраќајната култура во градот, а со тоа и безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.