СВР Куманово и Црвен Крст со показна вежба за санирање повреди од пиротехника (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи во соработка со Општинската организација на Црвен Крст Куманово денеска одржа показна вежба на градскиот плоштад за санирање повреди настанати од употреба на пиротехнички средства и распрскувачки материјали.

Loading...

 

 

Настанот е во пресрет на новогодишните празници кога употребата на пиротехника од страна на граѓаните се зголемува.

 

 

Loading...

На вежбата од страна на Црвен Крст беа презентирани типот на повреди со кои што можат да се здобијат граѓаните од употреба на пиротехника и доколку дојде до нив како истите најлесно да ги санираат.

 

 

Дел од показната вежба беа и ученици од Училишната сообраќајна единица од ООУ „Магдалена Антова“ кои на минувачите на градскиот поштад им поделија информативни флаери со законски одредби и мерки кои полицијата ќе ги презема со цел да се намалi употребата на пиротехнички средства и друг вид распрскувачки материјали.

 

 

Loading...

Настанот е дел од пошироката кампања на Министерството за внатрешни работи која има за цел да им укаже на граѓаните за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

 

 

Според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 се предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

 

 

Loading...

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години, а ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply