СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претставници на Секторот за внатрешни работи Куманово денеска го одбележаа Денот на полицијата со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на загинатите бранители во терористичкиот напад во Диво насеље.

Loading...

 

 

– По повод 7 Мај – Денот на македонската полицијата, претставници од СВР Куманово положија свежо цвеќе на споменикот пред СВР Куманово подигнат во чест на загинатите припадници на македонската полиција кои ги положија животите во вооружениот терористички напад во „Диво насеље“ во мај 2015 година, информираат од Секторот.

 

 

Loading...

Спомен плочата на која се наоѓаат фотографии и имињата на загинатите припадници на МВР од антитерористичката акција во Диво насеље беше подигната лани пред влезот на СВР Куманово.

 

 

Инаку, централната манифестација за одбележување на Денот на полицијата ќе се одржи денеска во Скопје.

Никола Ивановски