СВР Куманово ги објави деталите за смртта на Павлевски

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, ноќеска околу 01.00 часот во Куманово, на бул.„Трета Македонска Ударна Бригада“, пред поранешен Дом на АРМ, се случи сообраќајна незгода во која ПМВ „Субару Импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Роби П.(40) од Куманово, излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.

Loading...

Роби П. починал на местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ц.В. (40) од Куманово, М.М. (39) од Куманово, И.Т. (28) од Куманово, и И.Б.(31) од  Куманово.

На сите им е укажана лекарска помош во ОБ Куманово, а на понатамошно лекување се задржани Ц.В. и М.М. додека И.Т. и И.Б. поради серизноста на повредите се пренесени во УЦ-Скопје.

Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа на СВР-Куманово.