Свлечиштето кај Страцин сè уште активно

Сподели со своите пријатели

Контиунирано е активно свлечиѓтето на патниот правец Кумановов – Крива Паланка, поточно кај месноста викано Усек во атарот на селото Страцин, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Континуираното свлечиште од кал и земја зафаќа една летна од коловозот, по што сообраќајот се одвива само по едната и го отежнува движењето. Поради тоа надлежните препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината и следење на поставената сигнализација.

Активни свлечишта и одрони има на повеќе локации ширум земјата, на патниот правец Кочани – Делчево поради одрони со голема количина на материјал кај с.Калиманци и кај с.Дулица близу браната сообраќајот е во прекин. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево, одека екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистувањето.

На патниот правец Битола –Ресен активирано е свлечиште кај 70+300 , сообраќајот е во прекин во двата правци.Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку град Битола.

Магла со видливост од 100 м има на Стража, Крушево и Ѓавато.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива тековно без забрани и застои по претежно суви само наместа влажни коловози. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.