Светските лидери денеска и утре на самитот на Г-20 во Бали

Сподели со своите пријатели

Самитот на лидерите на Групата 20 (Г20) беше отворен денеска на островот Бали со барање на Индонезија, домаќин на самитот, за единство и конкретна акција, со што ќе се постигне подобрување на глобалната економска ситуација. и покрај длабоките поделби што постојат меѓу земјите околу војната во Украина.

Loading...

„Немаме други опции, потребна е соработка за да се спаси светот. Г-20 мора да биде катализатор за инклузивно економско закрепнување. Не треба да го делиме светот на блокови. Не смееме да дозволиме светот да западне во нова студена војна“, рече Индонезискиот претседател Џоко Видодо во воведното обраќање, пред лидерите на најбогатите земји во светот да започнат разговори зад затворени врати, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила!

Г-20, која вклучува земји од Бразил до Индија, Саудиска Арабија и Германија, сочинува повеќе од 80 отсто од светскиот бруто домашен производ, 75 отсто од меѓународната трговија и 60 отсто од населението.

Позитивен знак пред самитот беше тричасовната билатерална средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг, на која двајцата лидери ветија почеста комуникација и покрај многуте разлики, наведува британската агенција.

Членки на Г20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

Во нив живеат две третини од светската популација.

Шпанија е секогаш поканета како гостин.

Прашањата за кои разговараа лидерите на Г20 се движеа од економија до климатски промени, одржлива енергија, меѓународно олеснување на долгот и оданочување на мултинационалните корпорации.

Loading...

Секоја година, различна земја-членка на Г20 го презема претседавањето и ја поставува агендата за состаноците.

Како претседавач во 2022 година, Индонезија сака самитот на Бали да се фокусира на глобалните здравствени мерки и постпандемиското економско закрепнување.

Исто така, сака да го промовира усвојувањето на стратегија за одржлива енергија. Самитот е и можност лидерите на земјите да одржат билатерални средби.

Министерството за надворешни работи на Украина побара Русија да биде исклучена од Г20 поради нејзината инвазија на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште

Индонезиската влада соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот, а руската делегација ќе ја предводи шефот на дипломатијата на таа земја Сергеј Лавров.