СВЕТСКИ ДЕН НА МАЧКИТЕ: Со луѓето се веќе 3.500 години

Сподели со своите пријатели

Денеска светот го слави Светскиот ден на мачката, домашно животно кое живее со луѓето околу 3.500 години.

Loading...

Според N1, овие животни се чуваат низ целиот свет, а најголемиот турски град Истанбул е познат и како „град на мачките“.

Истанбулските мачки уживаат привилегиран статус во тој град. Иако многумина не се домашни миленици, туку мачки од улица, тие се многу сакани и негувани.

 

 

Мештаните подготвуваат и посебна храна од локалната кујна, рибарите им нудат риба што ја ловат преку ден, а во прихранувањето учествуваат и трговци и туристи.

Мачката е меѓу омилените миленичиња и домашни животни, се појавува во митологијата и легендите, а во стариот Египет ја сметале за култно животно.

Loading...