Светската трговија со услуги забави кон крајот на годината

Сподели со своите пријатели

Светската трговија со услуги ослабе на почетокот на четвртиот квартал, како одраз на забавувањето на растот на главните економии во средина на висока инфлација, покажа извештајот на Светската трговска организација (СТО).

Loading...

Индексот што го мери глобалното ниво на услуги во октомври изнесуваше 98,3 поени и е за 7,2 поени понизок од април, објави СТО, пренесува Хина.

Вредностите пониски од 100 поени сигнализираат нешто побавен раст од долгорочниот тренд.

„Падот сугерира дека податоците за четвртиот квартал од 2022 година и првиот квартал од 2023 година веројатно ќе покажат забавување на трговијата со услуги“, забележа СТО.

Конфликтот во Украина досега не влијаеше значително на трговијата со услуги, но закрепнувањето по пандемијата може да биде оптоварено од забавувањето на големите економии кои во голема мера се потпираат на услугите, додаваат тие.

Највисок отпор

Финансискиот сектор покажа најголем отпор на неповолните движења, изразени во вредноста на индексот од 107 поени.

Добро се претставија и авиопревозниците со вредност на индексот на воздушниот превоз на патници од 105,2 поени и компаниите од секторот информатичко-комуникациска технологија, чиј индекс во октомври изнесуваше 103,2 поени.

Послаба забележаа секторите градежни услуги и контејнерски транспорт на товар, со вредност на индексот од 92,9, односно 92,8 поени.

Loading...

Најлош резултат сигнализираше глобалниот индекс на менаџери за набавки во услужниот сектор, чиј индекс падна на 91,1 поен.