СВЕТСКА ПРЕМИЕРА: „BMW X3“ за 2018 година (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

„BMW“ во фабриката во Спартанбург, САД, ја претстави новата, трета генерација на SUV моделот Х3. Првите впечатоци за автомобилот се дека Х3 е поголем од претходно и дека дизајнерски еволуирал од своите претходници.

 

Loading...

 

Иако на прв поглед се чини дека новиот „BMW X3“ не се разликува премногу од се уште актуелниот модел, со внимателно споредување на двата автомобили може да се види дека германскиот произведувач внел доста нови детали во дизајнот на возилото.

 

 

Предниот дел е украсен со нова, поголема маска, додека фаровите сега се нешто помали и раздвоени од решетките на ладилникот. Целосно е променета и формата на браникот кој има поголеми отвори за воздух од претходно, додека старите фарови за магла со кружна форма се заменети со нови светла.

 

Loading...

 

 

Визуелните промени посебно се нагласени на најсилната верзија „X3 M40i“.

Одзади, новиот Х3 има поголеми LED стоп светла, поинакви врата на гепекот и браникот, а наместо една тука сега се две, симетрично поставени издувни цевки со гружен пресек. На моделот „X3 M40i“ овие отвори се поголеми и трапезоидни.

 

 

И пред официјалната премиера, од компанијата пристигаат информациите дека Х3 за 2018 година пораснал во однос на заминувачката втора генерација од овој автомобил.

 

 

Loading...

SUV сега е долг 4.722мм и подолг е за 5,5цм во однос на претходникот. Х3 е широк 1.890мм и незначително е поширок во споредба со втората генерација, додека висина практично останува непроменета и изнесува 1.676мм.

 

 

Меѓуосовинското растојание е 2.865 мм и поголемо е за 5,6цм од претходно. Растот на надворешните димензии ќе се одрази на комфорот на патниците на задните седишта кои ќе имаат повеќе место за колената.

Разликите имзеѓу втората и третата генерација се уште повпечатливи во внатрешноста на возилото.

 

 

Променет е дизајнот на воланот, инструмент таблите и вентилациските отвори, а целосно е променета централната конзола која изгледа значително помодерно со новите команди на клима уредите и нов екран на мултимедијален систем кој повеќе не е вграден во командната табла, туку е издвоен на врвот на средната конзола, како кад другите BMW модели од најнова генерација.

 

Loading...

 

За купувачите на располагање е и нов систем на контурно амбиентално осветлување во кабината кое е достапно во рамките на Extended Ambient Lighting пакетот. Меѓу дополнителните опции се и гестовни команти, како и интелигентен систем на гласовни команди. BMW X3 за 2018та нуди и систем на активна безбедност, Active Protection, кој во случај на опасност од сообраќајни незгоди пред таа да се случи го подготвува возилото за можен судир така што дополнително ги затегнува безбедносните појаси, автоматски ги затвора прозорците и панорамскиот стаклен кров ако во тој момент се отворени.

 

 

Истовремено, Frontal Collision Warning системот го алармира возачот на опасност од судар. BMW X3 стандардно е опремен и со други, најсовремени системи за асистенција, како што се ctive Cruise Control sa Stop & Go funkcijom, Active Blind Spot Protection, Lane Departure Warning, Daytime Pedestrian Protection, Frontal Collision Warning sa City Collision Mitigation funkcijom, Rear Cross Traffic Alert i Speed Limit Info (во моделите со навигациски уред).

 

Loading...

 

Во опционите системи измеѓу останатото спаѓа и Driving Assistant Plus пакетот (полу авто-пилот), со Active Lane Keeping Assistant и Side Collision Avoidance функции. Во почетокот, во пундата ќе бидат два бензинци и два дизелаши.

Основниот бензински модел е BMW X3 xDrive 30i со четвороцилиндарски 2.0 мотор со 248кс и 350 Nm со максимален обртен момент.

 

 

На втвот на понудата е BMW X3 M40i. Го следи шестоцилиндарски 3.0 M Performance TwinPower Turbo агрегат со 360кс и 500Нм. Од 0 до 100 километри на час овој модел стигнува за 4,8 секунди, а максималната брзина електронски е ограничена на 250 километри на час. Послабиот од двата дизелаши, BMW X3 xDrive20d развива 190кс и 400Нм, а до стотка забрзува за осум секунди, додека ВMW X3 xDrive30d располага со 365кс и дури 620Нм, што му овозможува од мирување до 100 километри на час да стигне за само 5,8 секунди.

 

Loading...

 

Сите модели стандардно се опремени со Steptronic Sport автоматски менувач со осум брзини. Како и до сега, BMW X3 ќе се произведува во Соединетите Американски Држави, во погонот во Спартанбург, заедно со моделите Х4, Х5 и Х6.

Почетокот на продажбата се очекува да започне до крајот на оваа година, по што новиот Х3 ќе биде претставен на посетителите на семот на автомобили во Франкфурт.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.