Под мотото „Детски права во свет без предрасуди“ од денеска до петок ќе се одбележува Неделата на детето, а денес со прием крај градоначалникот Зоран Дамјановски беше стартот на манифестацијата беше одбележан и во Општина Куманово.
Loading...
Во организација на здружението за грижа и воспитување на децата традиционално и оваа година го организираа приемот на дечиња кои членуваат за секциите за вон школската активност пред се тоа се фолклорни групи, пеачи, денс групи, ликовни уметници и музичари.
Локалната самоуправа го подржува оваа здруженбие бидејќи тоа е нешто што е еден од главните столбови на воспитната дејност на нашата најважна млада популација тоа се децата. Ние секоја година и оваа година во целата агенда на здружението ќе бидеме и јас и некој дел од администрацијата кој е задолжен за овој дел од организација. Благодарам за нивната посета денеска и им посакувам среќа и успех во понатамишната работа. Голем процент од отворените прашања во однос на просторите за спорт, рекреација, творештво, значи спортски сали детски игралишта, мали спортски терени пливачки базен, атлетски – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Како што истакна Дамјановски децата се иднината и таа иднина заедно со нив треба да ја градиме.
Според нашата програма на здружението во рамките на детска недела покрај оваа активност имаме промоција на детска стихозбирка „детски лирски треперења тоа е една активност која пто се реализира на ниво на државата во Охрид во месец мај, нашите училишта учествувцаат со свои литературни творби и тие се ставени во оваа детска стихозбирка. Оваа година домаќин на оваа активност е ќе биде ОУ 11 Октѕомври а во поселдниот работен ден од оваа детска недела(петок) по препорака на сојузот тоа е ден на детето на македонија и тогаш во сите училишта ќе се организира свечен прием на децата во детска организација од цела македонија, секое дете ќе добие детски беџ, детски пасош – вели Виолета Стошевска.
Децата имаа можност и да направат обиколка во просториите на Општина Куманово и да се запознаат со работата на оваа институција.