Светот во закана од недостаток на Ајфони

Сподели со своите пријатели

Американската компанија Епл нема да ја постигне целта да го произведе својот нов смартфон Ајфон 13 пред божиќните и новогодишните празници поради глобалниот недостаток на чипови.

Loading...

Електронскиот гигант предвиде производство на 90 милиони Ајфони до крајот на годината, но ќе мора да се задоволи со 80 милиони, бидејќи нејзините добавувачи Broadcom и Texas instruments не можат да ја задоволат побарувачката, се вели во написот на Блумберг.

 

 

Во средината на септември, Apple претстави нова серија паметни телефони која вклучува четири модели од верзијата iPhone 13 Mini, со почетна цена од 700 долари, до iPhone 13 Pro Max по почетна цена од 1.100 долари.

Според аналитичарите, побарувачката за телефони iPhone 13 е голема во светот, особено во Кина и САД, така што на Apple ќе и недостасуваат најмалку пет милиони парчиња за празничната сезона, доколку побарувачката продолжи со ова темпо.

Шефот на Епл, Тим Кук, кога ги објави кварталните резултати на компанијата кон крајот на јули, рече дека очекува поголеми ограничувања за снабдување за тој квартал отколку за претходните три месеци.

Loading...

 

 

Тој потсети дека другите компании во тој сектор имаат ограничувања и дека тие не се само специфични за Apple, прецизирајќи дека дел од проблемот лежи во фактот дека побарувачката е значително повисока од она што компанијата го предвидуваше.