Светот полуде по оваа серија, но училиштата предупредуваат: Не давајте децата да ја гледаат!

Сподели со своите пријатели

Светот е полуден од корејската серија Squid Game, која се прикажува на Нетфликс, но иако се базира на детски игри, во никој случај не е погодна за деца.

Loading...

Иако децата не треба да ја гледаат, стана исклучително популарна, па на многу детски игралишта се играат игри од серијата што никогаш не треба да ја гледа никој под 15-годишна возраст.

 

 

Во серијата, кој не ја помине играта или загуби прв, тој е убиен, па едно училиште во англискиот град Теисајд ги предупреди родителите да не им дозволуваат на своите деца да ја гледаат серијата, пишува Метро.

– Серијата не е за оние под 15 години и содржи секс сцени, голотија, екстремно насилство, самоубиство, прост говор. Истиот совет би бил даден за која било друга серија или филм што не е соодветен за деца. Контролирајте ја содржината што вашите деца можат да ја гледаат. Поставување профил на Netflix Kids значи дека децата имаат пристап само до ТВ емисии и филмови кои се внимателно избрани за деца – стои во предупредувањето на училиштето што го објавиле на нивниот профил на Фејсбук.

 

Loading...

 

Други училишта од тој град, исто така, ги предупредија родителите за серијата.

Имено, во Белгија, еден ученик беше повреден откако одиграл една од игрите од серијата, која во моментов е меѓу најпопуларните во 90 земји.