Експертите стравуваат дека светот би можел да остане без чоколадо во следните 40 години, затоа што какаото има се поголеми проблеми со климатските промени и се бори за опстанок.
Какаото многу зависи од климатските услови, но успева само во подрачја 20 степени јужно и северно од Екваторот. Му одговара тропска клима со доста влага и без директно изложување на сонце.
Обожавате чоколадо? Него го произведуваат деца робови (фото)
Меѓутоа, очекуваниот порст на температурата во иднина, среде глобалното затоплување, би можело во следните 30 години да ги уништи условите потребни за одгледување на какото, а со тоа и индустријата за чоколадо, соопштила американската Управа за океани и атмосфера.


