Светиот крст во село Проевце го фати Никола Ангеловски (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Никола Ангеловски е среќниот верник кој го фати светиот крст кој денеска свештениците од манастирот „Света Мина“ го фрлија во водите на Кумановка.

Крстот кој првично требаше да биде фрлен во Ловачки базен, кој поради технички проблеми остана без вода, свештениците во присуство на градоначалникот и останатите верници го фрлија од мостот на реката Кумановка во селото Проевце.

Никола Ангеловски кој инаку трет пат учествува на манифестацијата Водици, по втор пат го фаќа светиот крст и во 2016 се надева на многу здравје и среќа.

Очекувам среќа и сите кои скокаат да ги чува Господ. Среќа и здравје и друго ништо не ми треба – вели Ангеловски.

Освен иконата како подарок од свештениците, Ангеловски подарок прими и од градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

[huge_it_gallery id=”291″]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.