Светиот грал меѓу вискито продаден за 960.000 евра
On:
Сподели со своите пријатели
Шише од вискито „Macallan“ од 1926. година кое го украсил италијанскиот уметник Валерио Адами, проаддено е за неверојатни 957.000 евра.
Вискито кое важи за Свет грал кога во прашање е овој пијалак понуден е на аукција во Единбург, јавува британскиот Скај њуз.
Со гоед дека во шрање е исклучително редок пијалак од пред 100 години, а пакувањето е длео на познат уметник, експертите проценувале дека ќе достигне цена помеѓу 700.000 и 900.000 евра.
Дестилеријата „Macallan“ во 1986. година го ангажирала италијанскиот уметник Валерио Адами и Британецот Питер Блејк да осмислат пакување за лимитираната серија од по 12 шишиња виски од 1926. година.
Не е познато колку шишиња и натаму постојат. Една од нив штотуку доби нов сопственик и тоа за рекордни 957.000 евра.