Свештеникот Матија Бернаскони (36) од миланската архиепископија дошол на идеја да може да каже миса во морето, користејќи душек на надувување како олтар. Затоа овој потег е под истрага на италијанските власти.
Бернаскони рече дека планирал да одржи неделна миса меѓу дрвјата покрај плажата во Кротоне, јужна Италија, откако помогнал во летен камп за средношколци.
Меѓутоа, бидејќи не можел да најде сенка за да избега од силната топлина, Бернаскони рекол дека блиското семејство му понудило душек на надувување, па со него влегол во морето и почнал миса во базенот.
Месната црковна општина го критикуваше целиот овој случај.
“Во некои случаи, за време на празници, одмори, надвор од секојдневните работи, можно е да се изврши миса надвор од црквата. Но, секогаш е неопходно да се изврши Евхаристијата соодветно и на места каде што е можно достоинствено да му се обратиме на светот.” изјави поглаварот на црквата во Кротоне, пренесува The Guardian.
Бернаскони, пак, ги бранеше своите постапки и се извини доколку некого навредил, велејќи дека неговото однесување „можеби било непромислено“ и додаде дека нема да го повтори тоа.
„Апсолутно не ми беше намерата да ја банализирам Евхаристијата… тоа беше едноставно миса на крајот на работната недела. Но симболиката е силна, вистина е и зборува сама по себе, понекогаш поинаку отколку што би сакале. Бев наивно од мене што не обрнував внимание на ситуацијата“, изјави свештеникот кој е под истрага за прекршоци против религиозното признание.
Don Mattia Bernasconi, vicar of the pastoral care for young people of the parish of San Luigi Gonzaga in Milan, celebrated mass in the beach using an air mattress as an altar.
Yet the TLM must be suppressed! pic.twitter.com/xqRRDnoqaL
— ALT_Fr. Casey, OFM (@ALT_caseyofm) July 26, 2022